Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повторно се заканува со „војна“

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Дали во изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски има само страв или и застрашување, можеби и поттик на војна, останува на надлежните органи да одлучат.

Во секој случај звучеше на сериозна закана упатена до сегашната власт, поради тоа што во неа наместо Алтернатива која излезе, влезе Алијанса за Албанците.

Но да се вратиме на скандалозната изјава на Александар Николоски дадена во Собранието на седница за реконструкција на Владата.

Ако убаво се преслуша, не можете да се отргнете од впечатокот дека тој во името на Македонците се закани со војна во Македонија.

Изјавата воопшто не е наивна, на што и самиот инсистираше.

Дали и како тоа ќе го третира обвинителството ќе почекаме да видиме. Но секако треба да се земе предвид дека не станува збор за лапсус, туку за промислена изјава која во дадени услови може да мобилизира поединци или групи граѓани кои нема да останат глуви на овој „повик“ (или така ќе го протолкуваат) и ќе се фатат за оружје.

Тоа е слично, ако не и подиректно повикување од она на Груевски, дека граѓаните со седење дома нема да ја сменат власта, што ги предизвика настаните од 27 април и нападот на Собранието. Истовремено е и дополнување на изјавата на сегашниот лидер на оваа партија Христијан Мицкоски, дадена лани во април дека ако нема договор за избори „народот ќе си дојде по своето“ и дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“.

Создавањето општо незадоволство во јавниот дискурс од страна на оваа во најмала рака недржавничка партија, лесно може да заведе мал број нејзини радикални подржувачи, кои несвесни за последиците ќе влезат во искушение и можат да формираат паравоени формации, чекајќи на повик за акција од страна на „штабот“. Последиците за нив, но и за државата би биле несогледливи.

Причините за почеток на војна Николоски и ВМРО-ДПМНЕ ги гледаат во излегувањето на Алијанса за Албанците од опозициските редови и нејзиното влегување во владината коалиција.

Со тоа, смета Николоски „ќе се нарушел етничкиот баланс во државата“.

Како тоа мисли Николоски ќе се нарушел етничкиот баланс во државата со излез на една и со влез на друга партија на Албанците?

Но поважно е како Николоски „заборава“ дека од секогаш во Владата и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ имало партии на Албанците. Груевски кокетираше и со ДПА и со ДУИ, иако претходно велеше дека нема да прави коалиција со терористи. Тоа сепак не му пречеше да владее десет години со „терористите“ и да ја примени „чувената“ мајска спогодба по „налог“ на Ахмети.

Исто така останува нејсано што мисли потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кога вели дека „Експериментите на генерации пред нас нè доведоа до воен конфликт во 2001 година“.

Треба ли да го потсетиме господинот Николоски дека во 2001 година тој и неговата партија беа „генерацијата“ што направи експеримент кој предизвика воен конфликт во земјата. Во тој воен период голем број македонски синови загинаа, а нивите деца останаа без своите татковци и уште ги носат траумите на војната.

Но за разлика од оние кои се бореа, голем број од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и од раководството избегаа од државата криејќи се во соседните држави, а некои и подалеку. Не е познато каде тогаш се борел младиот Александар Николовски.

Оттаму треба да му е јасно на Александар Николовски, дека одлуките за војна и мир не можат и не смеат да бидат паушални изјави на еден незадоволен политичар, а уште помалку во името на еден народ.

Но суштината на изјавата е во нешто друго. Таа има политичка позадина. Но тоа не смее да биде изговор за нејзино транспонирање во воена акција.

Веројатно влегувањето на Алијанса за Албанците многу ги заболе во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи до скоро Алијанса си ја рачунаа за „своја“ партија. Со неа си планираа ново парламентарно мнозинство со кое ќе ја урнат оваа Влада и КОНЕЧНО ќе овозможат одржување предвремени парламентарни избори. Тоа навистина беше болно за раководството на оваа партија која подолго време е во опозиција и никако не може да се помири со тој факт. Уште пострашно е што дури и на редовните избори ќе нема со кого да коалицираат, а со тоа и да формираат Влада.
Она пак што ги загрижува е дали ова мнозинство на државно ниво, ќе се пренесе и на локално. Ако тоа се случи, тогаш тие би ја загубиле и онаа гранка од власта со која мислеа да јуришаат на парламентарните избори.

Фактите говорат дека Скопје и онака веќе им е изгубено. „Центар“ не го ни добија, а „Карпош“ им се лизга низ рацете. Во Гостивар власта си е во рацете на Алијанса за Албанците, а дискутабилно ќе биде и владеењето на Беса во Тетово. Во Битола разликата е тенка, а слично е и во некои општини во „скопско“ како во Зелениково или Петровец.

Со слабите резултати и во другите скопски општини, ќе немаат со што да се пофалат во изборната кампања. Ќе им остане само плукањето, лажните вести и надежта дека никој од оваа партија нема да гласа за продолжување на европската иднина на државата.

извор: Рацин.мк

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Приведени крадци во Скопје

На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за… Прочитај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе