20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петгодишно девојче избодено до смрт во близина на парк, уапсено момчето што го чувало

Полицијата во Германија уапси момче (19) поради сомнение дека со нож изболо петгодишно девојче и ѝ нанел смртоносни повреди.

Девојчето е пронајдено со убодни рани во близина на паркот во Панков, Берлин, каде што си играла со своите браќа и сестри. Набргу по пронаоѓањето на девојчето, таа им подлегна на повредите.

Според германските медиуми, уапсениот млад човек бил задолжен да се грижи за девојчето.

Тој му бил пријател на семејството и неколкупати бил ангажиран да се грижи за девојчето и нејзините браќа и сестри.

„Мајката на осомничениот и мајката на убиеното девојче се пријатели“, изјави полициски извор.

Засега не е познато зошто младиот човек му нанел повреди опасни за животот на детето.

„Под изговор дека девојчето морало да оди во тоалет, осомничениот го напуштил паркот со неа, а од луѓето што биле во паркот побарал да внимаваат на другите три деца. Кога се вратил, девојчето не било со него. Тој тогаш рече дека го изгубил девојчето“, изјави извор од истрагата.

Не се знае кој го пријавил исчезнувањето на девојчето, како и дали осомничениот учествувал во потрагата по неа.

Полицијата денеска вршеше увид во паркот во кој си играше детето и каде што беше пронајдено со убодни рани.