14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Белорусија формира нова територијална одбрана, да се пријават 150.000 доброволци

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, нареди формирање нова доброволна територијална одбрана, која ќе има меѓу 100.000 и 150.000 члена.

„Ситуацијата не е лесна. Јас повеќепати изјавив дека секој човек, а не само мажите, треба барем да знае како да ракува со оружје“, рече Лукашенко на состанокот на Советот за безбедност на Белорусија.

Според претседателот на Белорусија, човекот треба да користи оружје „барем да го заштити своето семејство, својот дом, своето парче земја и, доколку е потребно, својата земја“.

Министерот за одбрана на Белорусија, Виктор Хренин, прецизира дека новата територијална одбрана ќе има меѓу 100.000 и 150.000 доброволци. Идеално овие единици би биле присутни во секое село и град во Белорусија.

Лукашенко рече дека украинското искуство ја истакна потребата од дополнителни одбранбени сили.

„Одговорот на секој акт на агресија против Белорусија ќе биде брз, жесток и адекватен“, повтори Лукашенко.

Во извештајот на Меѓународниот институт за стратешки студии за армијата на Белорусија за 2022 година беше наведено дека Минск има речиси 48.000 војници и приближно 12.000 припадници на граничната полиција

Спонзорирано: