10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Луѓе скокале од прозорци, некои добиле и срцев удар: 11 жртви во новите земјотреси во Сирија и Турција

Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.

Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреса на југоистокот на Турција, пишува денеска турскиот весник „Хуриет“. Според тој весник, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба.

Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреса. Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и во Либан.

Во вчерашниот земјотрес во Сирија загинаа пет лица во неколку градови, објавија арапските ТВ-станици. Како што наведува „Ал Арабија“, четири лица загинале вчера во Сирија во стампедо предизвикано од паниката предизвикана од земјотресот во градовите Алепо и Тартус, а уште една жена го загубила животот во Латакија, јави „Скај њуз Арабија“.

Некои луѓе имале и срцев удар. „Скај њуз Арабија“ објави дека луѓето скокнале од прозорците од страв да не бидат затрупани под урнатините, пренесува ТАСС.

Медиумите засега не известуваат исто за бројот на повредени во вчерашниот земјотрес во Сирија. „Скај њуз“ објави дека повеќе од 100 луѓе се повредени во Латакија, а телевизијата „Ал Хадат“ јавува дека 470 луѓе се повредени во цела Сирија, вклучувајќи ги и областите под контрола на опозицијата.

Според сеизмолозите, станува збор за последователен потрес по разорниот земјотрес на 6 февруари, во кој животот го загубија повеќе од 47.000 луѓе во Сирија и Турција.

Спонзорирано: