3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

После двата разорни земјотреси: Родени се речиси 6.500 бебиња

Речиси 6.500 бебиња се родени во јужна Турција по двата земјотреси што го потресоа регионот претходно овој месец, рече турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

– Од првиот ден на катастрофата во регионот погоден од земјотресите се родени вкупно 6.447 бебиња. Секое родено дете е надеж – рече Коџа во Координативниот центар на турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) во Хатај.

На бебињата им посака убав и долг живот.

Коча рече дека „непречено се обезбедуваат неопходни здравствени услуги за бебињата и нивните мајки“.

Повеќе од 51.150 пациенти и повредени се префрлени од подрачјето на земјотресот во болниците во другите градови, рече Коча.

Тој исто така рече дека во зоната на катастрофата се формирани вкупно 114 единици за итна помош и 25 мобилни болници. Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Турција се искачи на 40.642.

Спонзорирано: