20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Нов земјотрес ја погоди Турција: Имаше јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот се случил во 16 часот и 15 минути по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри во близина на Адијаман.

Засега нема информации за нови жртви, а не се знае ниту дали овој земјотрес предизвикал нови штети.

Да потсетиме, минатиот понеделник два разорни земјотреси погодија делови од Турција и Сирија.