24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен египетски офицер е нов лидер на Ал каеда

Сеиф ал-Адел, поранешен офицер на египетските специјални сили и висок припадник на Ал каеда, кој се бара со награда од 10 милиони долари, е новиот и неприкосновен лидер на екстремистичката милитантна организација, се наведува во денешниот извештај на ОН.

Ал каеда официјално не го потврди назначувањето наследник на Ајман ал-Завахири за кој се верува дека е убиен во минатогодишниот американски ракетен напад врз Кабул.

Во извештајот на ОН се вели дека преземањето на лидерската позиција на Ал Адел во Ал каеда не се открива поради талибанците, кои не сакаат да ја признаат смртта на Ал Завахири во Кабул и престојот на Ал Адел во Исламската Република Иран.

Западните разузнавачки агенции, вклучително и САД, долго време гледаат на Ал Адел како можен наследник на Ал Завахири.

Овој поранешен офицер на египетските специјални сили во извештаите е опишан како способен командант со огромно оперативно искуство стекнато на разни локации.

Спонзорирано: