24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Белорусија ќе се бори заедно со Русија во случај на директна агресија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Белорусија е подготвена да се бори заедно со Русија само во случај на агресија врз неговата земја, пренесе агенцијата Белта.

„Подготвен сум да се борам заедно со Русите од територијата на Белорусија само во еден случај: ако барем еден војник дојде на територијата на Белорусија од Украина да го убие мојот народ“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека во случај на агресија врз Белорусија, одмаздата ќе биде најтешка,пренесе Танјуг.