14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Руското разузнавање: Америка регрутира исламски терористи за напади во Русија

Соединетите Американски Држави активно регрутираат џихадисти поврзани со ДАЕШ и Ал Каеда за терористички напади во Русија и другите земји на ЗНД, објави Руската служба за надворешно разузнавање.

„Според веродостојните извештаи што стигнале до Службата за надворешно разузнавање, американската војска активно регрутира милитанти од џихадистички групи поврзани со ДАЕШ и Ал Каеда за извршување терористички напади во Русија и земјите од Комонвелтот на независни држави. Посебно внимание се посветува на привлекување луѓе од рускиот Северен Кавказ и Централна Азија“, се наведува во соопштението.

Како што се посочува, во јануари годинава американските разузнавачки агенции регрутирале 60 милитанти во Сирија кои по обуката во базата Ел Танф планираат да ги испратат во Русија и другите земји на ЗНД за да извршат терористички напади.

„Во јануари оваа година беа избрани 60 такви терористи со искуство во борбите на Блискиот исток. Тие моментално минуваат низ забрзан курс во американската база во Ел Танф во Сирија. Таму се обучуваат за вештини за правење и користење импровизирани експлозивни направи, како и методи за извршување диверзантски и субверзивни активности. Посебно внимание се посветува на планирање напади врз добро чувани објекти, вклучително и странски дипломатски претставништва“, објаснуваат од Службата за надворешно разузнавање.

Според информациите на Службата, во блиска иднина се планира милитантите во помали групи да се преселат во Русија и други земји од ЗНД.

„Тие ќе имаат задача да подготвуваат и да извршат терористички напади против дипломати, државни функционери, полицајци и припадници на вооружените сили. Според идејата на Американците, тие ќе ги извршуваат соодветните задачи во соработка со подземните ќелии на меѓународните терористички групи, вклучително и „Хизб ел Тахрир“, „Џемат Ансарулах“ и „Исламско движење на Узбекистан“, се наведува во соопштението.

Исто така, се вели дека американските безбедносни сили се опседнати со „лудата идеја“ за ослабување на Русија и сметаат дека е прифатливо да се користат терористи за свои цели.

„Гледаме конечно губење на какви било морални принципи во американските безбедносни сили. Опседнати со лудата идеја за слабеење на Русија, стратезите во Вашингтон сметаат дека е прифатливо директно да се користат терористите за нивните валкани цели. Ваквите акции го ставаат Вашингтон на исто ниво со најголемите меѓународни терористички групи“, се заклучува во соопштението.