10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партијата на Шолц со најлоши резултати досега во Берлин

Демохристијаните (ЦДУ) се убедливо најсилната партија по повторените избори во градот-држава Берлин, со освоени 28,2 отсто од гласовите.

Тоа е нивниот најдобар резултат во германската престолнина овој век и зголемување од 10 отсто во однос на последните избори, пишува Дојче веле.

Според извештаите, гласачите ја казнија првенствено партијата на канцеларот Олаф Шолц, Социјалдемократите (СПД) и актуелната градоначалничка Франциска Гифај. На вчерашните избори СПД го постигна најлошиот резултат во повоената историја со 18,4 отсто од гласовите.

ДВ оценува дека дебаклот сепак би можел да ги остави во пол-позиција да формираат влада, бидејќи, според првичните резултати, СПД има 105 гласови повеќе од Зелените (кои исто така имаат 18,4 отсто). Тие две партии заедно со Левица (12,2 отсто) до сега беа на власт.

Во градското собрание сепак ќе има Алтернатива за Германија (9,1 отсто), додека либералите останаа под прагот (4,6).

Со тоа се отвора можност за продолжување на досегашната коалиција, но и за демохристијаните да го водат градот во коалиција со социјалдемократите или зелените.

Кандидатот за градоначалник на ЦДУ, Каи Вагнер, најави дека од денеска ќе ги покани на разговори двајцата потенцијални партнери. „ Немам некои посебни преференци“, изјави тој по одличниот резултат.

Изборите во Берлин беа повторени по налог на Уставниот суд бидејќи последните, во септември 2021 година, се одржаа со низа гафови.

Спонзорирано: