17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Пентагон за соборениот неидентификуван летеки објект во Канада: Тоа беше мал метален балон

Во меморандум, Пентагон објави дека неидентификуваниот летечки објект што беше соборен во Канада е всушност „мал метален балон со товар прикачен под него“.

Меморандумот дава детали за потеклото на една од трите урнати објекти.

– Споменатиот објект поминал во близина на „чувствителни локации на САД“ пред да биде соборен – се наведува во документот.

Претставници на Пентагон напишаа во меморандум до пратениците дека објектот бил соборен над езерото Хјурон, Мичиген во неделата и дека „полека паднал во вода“ откако бил погоден.

Новите детали доаѓаат во време кога пратениците во Капитол вршат притисок врз властите бидејќи сакаат да разберат зошто администрацијата на Бајден (Џо Бајден) собори три неидентификувани објекти, пренесува Си-Ен-Ен.