20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Баба од САД до смрт ја претепала 8-годишната внука

Патриша Ен Рикс (72) од САД е уапсена и обвинета за убиство на нејзината осумгодишна внука. Имено, постои сомневање дека таа до смрт го претепала девојчето, кое набрзо по приемот во болница починало.

„Врз истрагата, утврдено е дека осумгодишната малолетничка била толку многу претепана од нејзината баба што девојчето починало од повредите“, се вели во полициското соопштение и се додава дека детето има сериозни повреди по целото тело и глава

Инаку, Рикс беше законски старател на осумгодишното девојче, како и старател на неколку нејзини браќа и сестри.

Полицијата ја уапси Ен Рикс и ја обвини за убиство од прв степен и злоупотреба на деца.

Моментално е во притвор, а засега не се познати мотивите за нападот. До завршување на истрагата, браќата и сестрите на девојчето ќе бидат под надзор на социјалната заштита.