3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 100 милиони евра поддршка од ЕУ, преговорите носат придобивки

Почетокот на преговорите со Европската Унија на државата и на граѓаните им носи конкретни придобивки. Европската комисија даде предлог за макрофинансиска поддршка за економијата на Македонија до 100 милиони евра за следните две години помош, соопшти СДСМ.

„Спроведувањето на поддршката ќе се уреди со меморандум за разбирање со ЕУ, кој се очекува да се фокусира на реформите во фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупција.

ЕУ пред само неколку дена додели грант од 53 милиони евра за три стратешки енергетски проекти, а во јули минатата година Брисел одобри 225 милиони евра за четири инвестициски проекти во државата. За справување со економската и енергетската криза, ЕУ лани обезбеди 80 милиони евра за Македонија“, велат од владејачката партија.

Од таму додаваат дека со ова уште еднаш се докажува кој стои до нашата држава во тешки времиња и во време на економска и енергетска криза.

Евроинтеграцијата носи развој и напредок на државата, европски вредности и сигурна иднина за подобар живот на граѓаните, посочуваат од СДСМ.

Спонзорирано: