23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија околу годишнината од нападот на Украина

Европа како сигнал до претседателот Владимир Путин уште еднаш ќе ги заостри санкциите кон Русија во моментот кога се наближува годишнината од почетокот на рускиот напад врз Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во пресрет на специјалниот самит на ЕУ.

„Путин нема да ги постигне своите цели – не на бојното поле и не преку диктиран мир“, рече Шолц во Бундестагот.

Тој рече дека ЕУ ќе ја поддржува Украина сè додека е потребно во војната што почна на 24 февруари минатата година.

Спонзорирано: