20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Земјотрес за само неколку секунди уништи нова зграда во Турција

На социјалните мрежи беа објавени нови шокантни видеа од Турција и Сирија по разорните земјотреси кои ги погодија овие две земји.

Според последните податоци, најмалку 2.921 лице загинале, а илјадници луѓе се уште се заробени под урнатините.

Силните земјотреси од 7,8, а потоа и 7,6 степени според Рихтеровата скала уништија згради. Како последица на земјотресот урнати се и дел од новоизградените објекти.

Од Малатија пристигнува видео на кое се гледа како новоизградена зграда се урива како куќа од карти.

Видеото привлече големо внимание, а корисниците на социјалните мрежи повикуваат на одговорност на локалните власти, министерствата, инспекциите, како и изведувачите и инспекциите и сите кои биле вклучени во процесот на изградба на зградата.

Спонзорирано: