18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Спасено тригодишно момче кое 22 часа било под урнатините (ВИДЕО)

Според последните информации кои пристигнуваат, најмалку 4.300 луѓе загинале во разорните земјотреси во јужна Турција и Сирија.

Илјадници луѓе беа повредени, а многумина беа затрупани под урнатините на бројните згради кои се урнаа како последица на земјотресот.

Во тек е огромна спасувачка операција, но потрагата на спасувачите по преживеани е отежната поради студеното време.

На социјалните мрежи се појавуваат се повеќе видеа од Турција и Сирија. На една од нив се прикажани луѓе кои спасувачите успеале да ги извлечат од под урнатините, а меѓу нив имало и тригодишно момче.

Момчето било заробено околу 22 часот под урнатините на зграда во Малатија.

Новинарот на ТРТ Хакан Чопур го сподели видеото на Твитер, наведувајќи дека тоа е чудо.