13.3 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТИЗБОР

Тлото не престанува да се тресе: Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Во 8 часот и 36 минути по локално време Турција ја погоди уште еден земјотрес.

Како што информираат од Независната информативна организација за земјотреси (EMSC), неколку часа по претходните потреси се случил нов со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил на 6 километри од градот Белен, кој се наоѓа во близина на границата со Сирија.

Досега се пронајдени најмалку двеста мртви, а неколку стотици се повредени.