13.8 C
Скопје
31. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Приштина сака да биде Зеленски на Балканот, вели Вучиќ

Приштина не сака да ја формира Заедницата на српските општини на Косово и Метохија, туку воен конфликт во кој ќе се претстави себе си како балкански Зеленски, изјави денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, во парламентот на посебна седница за Косово.

„По поставувањето на барикадите, нивната единствена намера, бидејќи немаа намера да ја формираат Заедницата на српските општини (ЗСО), е да предизвикаат војна, да ја доведат Србија во конфликт со НАТО и целиот свет и да се претстават како жртви и балканскиот Зеленски, а ние како агресори, како некој што го загрозувал – внимавајте кое лицемерие – територијалниот интегритет на сувереното и независно Косово“, рече Вучиќ.

Заклучи дека Србија нема да се откаже од преговори, нема да ги ги прекине односите со Западот, ниту пак ќе воведе санкции кон Русија.

Вучиќ оцени дека пратениците од опозицијата и’ нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го направиле во парламентот.

„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија“, им порача Вучиќ на пратениците од опозицијата кои претходно станаа скандирајќи „Предадете се“ и „Оставка“ и го спречија говорот на Вучиќ, по што дојде до физичка пресметка.

Тие го прекинаа Вучиќ додека тој им се обраќаше на претставниците на Србите од Косово и одговараше на повикот собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и на неговите обвинувања кон Вучиќ и властите за наводно предавство.