23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Чавушоглу: Собирот на кој сакаа да го запалат Куранот во Норвешка е откажан

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека по предупредувањето на Турција, Норвешка ја променила својата одлука и го откажала одобрувањето на собирот на кој беше најавено палењето на исламската света книга Куранот, пренесува агенцијата „Анадолија“.

„Денеска го поканивме норвешкиот амбасадор во нашето министерство, по што тие ја откажаа согласноста што ја дадоа за собирот. Злосторство против човештвото не е слобода на изразување. Ова е злосторство од омраза. Омразата не е слобода на изразување“, рече Чавушоглу.

Минатата недела копии од Куранот беа запалени во Шведска и Холандија, што предизвика остра осуда од Анкара.

Обвинителството во Анкара отвори истрага против Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарска шведска партија, кој го запали Куранот во близина на турската амбасада во Стокхолм, како и против холандскиот политичар Едвин Вагенсвелд, кој искина копија на Куранот во Хаг.

Потоа, Ердоган рече дека Шведска не треба да очекува Анкара да ја прифати нејзината апликација за членство во НАТО, по овој и други антитурски протести во Стокхолм.

Процесот на одобрување на апликацијата на Шведска за членство во НАТО во моментов е замрзната.

Спонзорирано: