5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

Две лица загинаа поради ледена бура во Тексас, откажани над 1.700 летови

Повеќе од 1.700 летови се откажани или одложени во Тексас, а најмалку две лица загинаа на патиштата во американската сојузна држава поради ледена бура и лошо време, соопштија локалните власти.

Повеќе од 1.000 летови беа откажани на главниот американски аеродромски центар во Далас, додека аеродромот „Southwest Airlines“ во тој град откажа повеќе од 560 летови и одложи околу 350.

Проблеми со снабдувањето со електрична енергија се пријавени и кај локалните власти, а околу 7.000 корисници пријавиле целосен прекин на електричната енергија, изјави гувернерот на Тексас.