7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи: Развојната банка ја трансформиравме во најдобриот партнер за поддршка на економскиот развој

Во период на криза успеавме умешно развојната банка да ја направиме најдобрата алатка во финансискиот систем којшто воведе нови механизми, инструменти за поддршка и развој на нашата економија констатира заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и главниот директор на Развојна Банка, Кире Наумов, кои на владината конференција „Година на нови можности“ дискутираа за инвестициите и економски развој во година на криза, при што се укажа дека во последните три години преку Развојната банка се пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти.

Битиќи укажа на важноста на креирањето на Националната развојна стратегија како прв инклузивен процес со вклучување на сите засегнати страни бидејќи креира јасна визија на нашето општество за наредните 20 години каде треба да се одвиваме, визија во која Развојна Банка ќе одигра многу важна улога во поддршка на развојот.

Тој подвлече дека Владата креираше механизми и инструменти за сето тоа да се поддржи бидејќи успеа умешно во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка возможна во финансискиот систем за развојот на нашата земја.

„Не само што ја докапитализиравме развојната банка, тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кои пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму Развојната Банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред 5 години“, рече Битиќи.

Извршниот директор на Развојна Банка, Кире Наумов во делот на вкупно пласирани средства во домашните компании за изминатите три години и ефектите од нив, изјави дека за три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти.

„Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности, а најголем процент околу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност.

Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места“, укажа Наумов.

Во текот на 2022 година за поддршка на компаниите во услови на енергетска, економска и ценовна криза, Развојната Банка ги воведе следните кредитни линии:

1.Кредитна линија за обртни средства за компании за компании погодени од енергетска и економска криза преку директно кредитирање од РБСМ (бескаматна) во износ од 5,5 милиони евра

2.Kредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра (бескаматна)

3.Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ)и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра (камата до крајни корисници до 1,6%)

4.Олеснување на услови на кредитирање на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи во износ од 7 милиони евра (камата 1%)

5.Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја ре-инвестирале добивката во износ од 2 милиони евра

6.Кредитна линија за обртни средства за компаниите погодени од енергетската и ценовната криза со директно кредитирање преку РБСМ во износ од 5 милиони евра со камата 2% (со можност на обезбедување на дополнителни средства во износ од 3,2 милиони евра)

Како што информираше Наумов, во 2022 година РБСМ даваше поддршка на компаниите и преку гарантната шема која им овозможува на компаниите обезбедување на дел од колатералот за одобрени кредити.

Користењето на овој продукт е во постојан раст и со состојба 31.12.2022 година износот на гарантирани кредити изнесува 9,8 милиони евра за 110 компании, потоа царинските гаранции за царински долг при увоз за облагородување, за поддршка на извозот.

„Развојната банка на домашните компании покрај кредитите им нуди уште два производи, осигурување на извозни и домашни побарувања, и факторинг (откуп на побарувања од странски и домашни купувачи). Интересот за овие два производи континуирано расте, особено во услови на криза кога ризиците од наплата се поголеми и потребата од тековна ликвидност е поголема. Компаниите може да ги осигурат своите побарувања од комерцијални и политички ризици преку производот кредитно осигурување.

Во моментов имаме 80 осигуреници од различни индустриски гранки, со над 500 купувачи во 33 земји. Обемот на кредитно осигурување во 2022 година е на ниво од 100 милиони евра“, подвлече Наумов.

Спонзорирано: