8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Ракетни напади врз Европа не се исклучуваат, Австрија чека „небесен штит“

Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер повикува на подготовка за можни закани од воздух, пренесува ORF, кој се повикува на вчера претставениот извештај за ризиците на Министерството за одбрана.

Во извештајот се наведува дека не може да се исклучат ракетни напади врз Европа.

– Во околината на Австрија и Европа има голем број ракети и крстаречки ракети со различен дострел и цели – се наведува во извештајот.

Министерот за одбрана во интервју за австриската новинска агенција го коментираше планираниот заштитен штит на европските земји од НАТО.

Таа се надева на брза имплементација на Европскиот небесен штит, чиј дел е и Австрија.

– Но, тоа не значи дека повеќе не мора да го вршиме нашето активно набљудување на воздушниот простор – рече таа и додаде дека тоа е важен чекор што го подготвуваат.