6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху: Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен

Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер, најави „силен и цврст одговор на тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим, од кои еден уби седум лица во близина на синагога.

– Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен. Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио – изјави Нетанјаху на вонредниот состанок на безбедносниот кабинет.

Да потсетиме, во петокот 21-годишен Палестинец пукал во случајни минувачи во близина на синагогата во квартот Неве Јаков, убивајќи седум лица, а потоа и самиот бил убиен. Во саботата наутро, 13-годишен Палестинец застрела и рани двајца Израелци во Силван, во близина на ѕидините на Стариот град.

Нападите во Источен Ерусалим, дел од градот окупиран и припоен од Израел, доаѓаат во време на остра ескалација по убиството на девет Палестинци во четвртокот во операција на израелската армија во Џенин, на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.

Израелските сили се во највисока готовност, а војската соопшти дека го зголемува бројот на луѓе на Западниот Брег бидејќи повиците за воздржаност доаѓаат од странство.

Спонзорирано: