Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarСвет

Работник од БиХ ја ограбил австриската фирма во која работел

Граѓанин на Босна и Херцеговина (38), украл 11 железни плочи од фирма во австрискиот град Талгау, а потоа ги препродал, соопшти австриската полиција.

Како што се наведува во полициското соопштение, работникот од Босна и Херцеговина ги натоварил железните плочи со кран на неговата фирма, а потоа ги однел до локалното депонирање на отпад каде што ги препродавал.

Вредноста на украдените плочи се движи и до десет илјади евра. Плочите ги украл во рок од три дена.

Откако полицијата покренала истрага, тој им признал се на раководството на компанијата.

Според австриските медиуми, државјанин на БиХ работел како натоварувач во компанијата.

Но, сето тоа не можел да го направи сам, па истрагата била проширена и се трага по неговите двајца соучесници.