5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен маж што испраќал писма бомби до амбасадите и до кабинетот на премиерот во Шпанија

Шпанската полиција уапси 74-годишен маж осомничен дека испраќал писма бомби на адреси на неколку институции и амбасади во Шпанија, јавуваат шпанските и француските медиуми.

Писмата беа испратени во периодот од 24 ноември до 2 декември до канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез, до украинската и американската амбасада во Мадрид, до владините канцеларии и до компанија поврзана со Европската Унија.

Мажот е уапсен во северниот шпански град Миранда де Ебро, изјави извор за агенцијата „Франс прес“, без да даде дополнителни детали.