Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

САД испраќаат 31 тенк во Украина, објави Бајден

Американскиот претседател, Џо Бајден обајви дека САД испраќаат 31 тенк М1 Абрамс во Украина.

Веста дојде откако Германија потврди дека на Украина ќе и стави на располагање 14 тенкови Леопард 2.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Абрамов, ја коментираше најавената одлука на САД за тенковите, велејќи дека тоа ќе биде „очигледна провокација насочена кон Руската Федерација“.

„Ако САД решат да испратат тенкови, тогаш оправдувањето на таквиот потег со аргументи за „одбранбено оружје“ дефинитивно нема да успее“, објави Антонов на својот канал Телеграм, додавајќи: „Очигледно е дека Вашингтон има намера да и’ нанесе стратешки пораз на Русија.

Тој додаде дека сите американски тенкови испратени во Украина „ќе бидат уништени како и целата друга воена опрема на НАТО“.