Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КоронавирусСвет

Пјонгјанг затворен поради неодредено респираторно заболување

Главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг e затворен пет дена поради неодредено респираторно заболување, објавија денеска јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на известување од севернокорејската влада.

Во известувањето на севернокорејската влада не се споменува „Ковид-19“, но се вели дека жителите на Пјонгјанг морале да останат дома до крајот на неделата и да се подложуваат на температурни проверки неколку пати на ден, објави јужнокорејскиот „Ан-Ка њуз“.

Според истиот извор, се очекува да се воведат построги мерки.

Засега не е познато дали ќе има или веќе се воведени слични ограничувања за движење на населението во другите делови на Северна Кореја.

Северна Кореја го пријави своето прво појавување на Ковид-19 минатата година, но до август прогласи победа над вирусот. Сепак, таа никогаш не потврди колку луѓе се заразени со коронавирус.

Државната новинска агенција КЦНА во вторникот објави дека градот Каесонг, кој се наоѓа во близина на границата со Јужна Кореја, ја засили кампањата за јавна комуникација „за сите вработени доброволно да се придржуваат кон антиепидемиските прописи во работата и животот“.