17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Драма на море: Се преврте брод во Јапонија, во тек е голема операција за спасување на екипажот

Во тек се обиди за спасување на 22 членови на екипажот на товарниот брод што во средата се преврте во близина на Нагасаки, во западна Јапонија, јавуваат медиумите.

Екипажот на бродот регистриран во Хонг Конг, кои се државјани на Кина и Мјанмар, е префрлен во чамци за спасување, јави телевизијата ТБС.

Бродовите на јапонската крајбрежна стража се упатија кон областа.

Како што пренесуваат медиумите, помош нудат и блиските пловни објекти.

Засега нема повеќе информации.