11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мирнеса сместена во женски затвор: „Водата наместо шампањ ќе и биде единствениот луксуз“

Мирнеса С., осомничена дека украла еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во која работела, веднаш по апсењето била сместена во женскиот затвор „Швабиш гмунд“, потврдија за германските медиуми.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, во ќелија од 10 метри квадратни, вода наместо шампањ ќе и биде единствениот луксуз. Како што соопштија од обвинителството во Штутгарт, наскоро се очекува обвинение за тешка кражба.

Меѓутоа, прашањето што го поставуваат сите германски медиуми е: каде се милион евра? Очигледно полицијата се уште трага по парите.

„Истрагата за тоа каде се парите се уште е во тек. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, изјавиле од обвинителството во Штутгарт за германските медиуми.

Исто така, медиумите шпекулираат за тоа кому му била исплатена наградата од 37.500 евра, која била понудена за информации за нејзиното движење, но со оглед на тоа што самата се предала, се претпоставува дека парите нема да бидат исплатени.

Да потсетиме, Мирнеса С.(42), осомничена дека измамила германска компанија од милион евра, синоќа се предала на аеродромот во Штутгарт, каде пристигнала од Црна Гора. Се претпоставува дека цело време се криела таму.

Инаку, таа контактирала со полиција преку адвокат кој го соопштил точното време и место на нејзиното пристигнување во Германија.

„Таа сакаше да се предаде, па нејзиниот адвокат контактирал со полицијата и им кажал кога доаѓала во Штутгарт“, соопшти германската полиција.

Според германските медиуми, Мирнеса била мирна при апсењето, а полициските службеници потврдиле дека се крие во Црна Гора.

Да потсетиме, Мирнеса, која украде милион евра од германска компанија, по што исчезна, во Штутгарт е позната и по прекарот Мики.

Како што претходно информираше германската полиција, Мирнеса на 14 октомври украла пари до кои имала пристап како вработена во компанија за транспорт на пари. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата веднаш започнала истрага.

Спонзорирано: