7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Загрижувачки резултати од истражувањето: Секоја трета жена во Франција тврди дека била силувана

Резултатите од неодамнешното истражување спроведено во Франција откриваат дека речиси секоја трета жена во таа земја била жртва на сексуална злоупотреба и силување.

Високиот совет за родова еднаквост (HCEFH) при Владата на Франција објави извештај за случаи на сексизам во таа земја.

Анкетата е спроведена со 2.500 лица постари од 15 години од 5 до 26 октомври минатата година, а деталните резултати ќе му бидат претставени на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според истражувањето на Институтот Viavoice за HCEFH, 37 отсто од анкетираните жени изјавиле дека биле принудени на секс без согласност.

Додека 80 отсто од жените изјавиле дека биле третирани полошо од мажите, речиси една третина тврделе дека биле силувани.

Случаите на сексизам и силување широко распространети меѓу младите во Франција, 26 отсто од мажите сметаат дека реакциите и мерките против сексуалното насилство се претерани.

Само девет проценти од анкетираните мажи сметаат дека е нормално мажите да вршат домашна работа.

Од HCEFH посочија дека извештајот е загрижувачки и дека напорите на француските власти во ова прашање се недоволни.