10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО – Вучиќ тврди: „Во Србија е откриено уште едно наоѓалиште на злато. Тоа е едно од најголемите во светот“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во своето обраќање пред граѓаните порача дека Србија ја чека тешка задача.

Зборуваше за Косово, за опасностите од напад на НАТО, за германско-францускиот предлог план…

Претседателот на Србија рече дека не потпишал ништо, но дека „мора да бараме компромисно решение“.

Од „полесните“ теми рече дека во Србија е откриено друго место со уште повеќе злато отколку во Жагубица.

Претседателот на Србија не прецизираше за која локација станува збор, но изјави дека тоа е едно од најголемите локалитети во светот.

„Најдовме место во Србија со многу повеќе злато отколку во Жагубица. Нема да ви кажам кое е, сите ќе се зачудите. Како што се испостави, цената на се скока 10 пати, 50 пати, државата повеќе не може да си ја врши работата. Според првите, прелиминарни извештаи, а се вршат дополнителни проверки, најдовме едно од првите 100 наоѓалишта на злато во целиот свет. Да имавме смисла да користиме литиум… “, изјави Вучиќ.

Спонзорирано: