14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Детали за потерата во Калифорнија: Полицијата пронајде тело во комбе

Најмалку 10 лица се убиени, а 10 други се хоспитализирани по масовното пукање во Монтереј Парк, Калифорнија во саботата вечерта, соопшти Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес.

Властите се уште трагаат по убиецот. Нападот се случил во студио за танц во близина на прославата на Лунарната Нова Година.

Тактички тим за спроведување на законот почна да пребарува бело товарно комбе, наводно, вклучено во судир во Торенс, Калифорнија. Како што јавуваат некои медиуми, полицијата пронашла тело во комбето. Се уште нема информации дали се работи за напаѓачот или неговата нова жртва.

Воздушна снимка од филијалата на Си-Ен-Ен, КАБЦ, покажа дека полицајците му приоѓаат на комбето со извадени пиштоли. Еден полицаец бил забележан како го крши прозорецот од совозачката страна, а потоа посегнал внатре и ја отворил вратата. Полицајците потоа ја отвориле споредната врата и почнале да го пребаруваат возилото.