3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради напад на ајкули одложен фестивалот на сурфање во Австралија

Неколку популарни плажи во Сиднеј се затворени пред популарниот фестивал на сурфање, откако ајкули нападнаа делфин во водите во близина на градот.

Најмалку две ајкули биле забележани во областа Шели Бич, на северот на Сиднеј, по нападот, а властите превентивно ги затвориле сите плажи во близина, јавува Би-би-си.

Повредениот делфин кружел во плиткото, но на крајот се насукал и умрел.

Фестивалот за сурфање „Manly Open Surf“, кој требаше да се одржи викендов на плажите, беше прекинат и спасувачите побараа од луѓето да излезат од водата по нападот.

Ајкулата го нападна делфинот преплашувајќи стотици сурфери кои требаше да се натпреваруваат на фестивалот.

Спонзорирано: