6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Вознемирувачко видео) Напад со нож на железничка станица во Брисел

Белгиските власти уапсија 18-годишник, кој нападнал младо лице со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ оваа недела.

Шокантната снимка од надзорната камера објавена на социјалните мрежи покажува како напаѓачот брутално го расекува и боде неколкупати.

Тинејџерот е повреден, но повредите не се опасни за животот.

Набргу по инцидентот, напаѓачот бил уапсен, а обвинителите известија дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајцата млади.

Меѓутоа, во описот на видеото се наведува дека напаѓачот е мигрант што извикувал „Алах акбар“, а дека 17-годишникот не бил единствениот што го нападнал.

Мартин Франсоа од Јавното обвинителство во Брисел изјави дека напаѓачот е осомничен за напад со предумисла и претепување малолетник, како и за поседување забрането оружје.

Спонзорирано: