3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Министерот за одбрана на Украина: Имаме оружје и знаеме како да го употребиме

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.

Резников за Би-Би-Си рече дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.

– Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, не де јуре (со закон). Затоа што имаме оружје и знаеме да го користиме – рече Резников.

Тој посочува дека тоа е факт и смета дека неговото тврдење нема да биде разбрано како спорно.

– Сигурен сум дека во блиска иднина, де јуре, ќе станеме членки на НАТО – додаде Резников.

Зборувајќи за ситуацијата во Соледар, за која руските сили тврдат дека ја контролираат, Резников рече дека е „многу тешко“, но „под контрола“.

Спонзорирано: