11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Володин предлага да им се конфискува имотот на Русите кои ја напуштија и навредуваа Русија

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, предложи да се конфискува имотот на руските државјани кои заминале во странство и давале навредливи изјави против Русија и нејзината армија.

„Коректно би било соодветните членови од Кривичниот законик да се дополнат со клаузула за конфискација на имотот во Руската Федерација, што им е доволно за да ја надоместат штетата“, напиша денеска Володин на својот канал Телеграм.

Тој додаде дека ова се однесува на руски државјани кои неодамна „мислат дека можат да ја навредат Русија, нејзините граѓани, војници и офицери…“, пренесува Интерфакс.

Володин смета дека, според законодавството на Руската Федерација, таквите изјави може да се сметаат за повици за екстремизам, рехабилитација на нацизмот или дискредитација на вооружените сили.

Спонзорирано: