5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Водечките советници на СЗО ја повикуваат Кина да обезбеди вистински податоци за коронавирусот

Водечките научници кои ја советуваат Светската здравствена организација денеска изјавија дека сакаат пореална слика за ситуацијата со корона вирусот од врвни кинески експерти.

СЗО ги покани кинеските научници на затворен виртуелен состанок со својата техничка советодавна група за еволуција на вирусот за да презентира податоци за тоа кои варијанти на вируси циркулираат во Кина.

Кина ги укина мерките „нулта-ковид“ во декември минатата година, а бројот на заразени сега се зголемува, иако официјалните податоци се неконзистентни, соопшти агенцијата.