15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Државата официјално одлучи: На странците им е забрането да купуваат недвижен имот

Забраната за странци да купуваат куќи и други станбени единици во Канада стапи на сила во неделата, со цел да се направат повеќе домови достапни за локалното население кое се соочува со станбена криза.

Неколку исклучоци од законот им дозволуваат на поединци како бегалци и постојани жители кои не се државјани на државата да купуваат домови.

На крајот на декември, Отава објасни и дека забраната ќе важи само за градските станови, а не и за рекреативните објекти како викендичките, пренесува Независне новине.

Привремената мерка од две години беше предложена од премиерот Џастин Трудо за време на изборната кампања во 2021 година, кога зголемените цени ја ставија сопственоста на домот надвор од дофат на многу Канаѓани.

„Пожелноста на канадските домови привлекува профитери, богати корпорации и странски инвеститори“, рече неговата Либерална партија во својот изборен манифест тогаш.

„Тоа води до реален проблем на недоволно искористени и празни станови, незадржливи шпекулации и вртоглаво покачување на цените. Куќите се за луѓе, а не за инвеститори.

По победата на изборите во 2021 година, либералите тивко воведоа Закон за забрана за не-Канаѓани да купуваат станбени недвижности.

Големите пазари како Ванкувер и Торонто, исто така, воведоа даноци за нерезиденти и слободни домови.

И покрај неодамнешниот бум, пазарот на недвижности во земјата се залади за продавачите бидејќи хипотекарните стапки ја следеа агресивната монетарна политика на Банката на Канада во обид да ја заузда инфлацијата, пренесува „Raw story“.

Спонзорирано: