5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мотор на авион вшмукал работник, тој починал на самото место

Националниот одбор за безбедност на транспортот во САД соопшти дека аеродромски работник загина додека авионот Embraer 170 на American Airlines бил паркиран на регионалниот аеродром во Монтгомери.

Работникот загина додека работел на еден од моторите на авионот. Моторот на авионот, едноставно, го вшмукал човекот.

Поведена е истрага за инцидентот, а прелиминарниот извештај ќе биде објавен за две до три недели, соопштуваат од таму.

Компанијата American Airlines ја потврди несреќата и од таму додаваат дека им даваат „поддршка на вработените во овие тешки моменти“, пишува „Гардијан“.