Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Левицата и СДС во Прилеп сложно не дадоа поддршка за реконструкција на 50 улици

„Коалицијата меѓу СДС и Левицата како по правило не дава поддршка на буџетот во општините во кои градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека коалицијата од Град Скопје се префрла и во други општини. Таков е примерот и со Општина Прилеп, каде што советниците на Левицата и на СДС сложно одбија да му дадат поддршка на буџетот за 2023 година, со кој се предвидува рехабилитација на 50 улици, изградба на кружен тек во центарот на Прилеп и катна гаража. Советниците на Левицата и на СДС беа против изградба на доводен цевковод во село Канатларци, но и против други проекти во интерес на граѓаните“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму порачуваат „колку и да глумат, координираната активност во советите во другите општини ги издава“.

„Не даваат поддршка за изградба на западен булевар во Гевгелија, а во Охрид не ѝ даваат поддршка на реконструкцијата на улици, 15 детски игралишта, 2 мултифункционални игралишта, а беа и против нова опрема и механизација за јавните претпријатија. Во Бутел не дадоа поддршка за уредување на кејот на река Серава, а во Свети Николе не дадоа поддршка на дваесет милиони за нови улици, водоводи и канализациски системи. Во Аеродром сложно одбија да дадат поддршка за нови детски градинки и паркови, а во Велес не беа за инвестирање 1,5 милион евра во нови улици и патишта“, се вели во партиското соопштение.