Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пожар во хотел во Камбоџа, 10 загинати и над 50 повредени

Во пожар во хотел во Камбожа десет луѓе загинаа, а над 50 се повредени

Најмалку 10 лица загинаа во пожар во казино хотелот „Гранд Дајмонд Сити“ во градот Попет во Камбоџа, на границата со Тајланд, соопшти тајландската полиција.

Како што информираа од полицијата, пожарот што избувна синоќа околу полноќ по локално време се уште гори, пренесува АП.

ТАСС јавува дека во пожарот се повредени 53 лица, а осум се водат како исчезнати.

Се претпоставува дека пожарот бил предизвикан од експлозија на резервоар за гориво.

Претставник на локалната администрација рече дека 400 луѓе би можеле да бидат заробени во зградата.

Спонзорирано: