5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Тревога за воздушен напад во Украина

Сирените за воздушен напад денеска се огласија во Украина.

Според извештаите на социјалните мрежи, постои можност да биде прогласена тревога во целата земја поради можно полетување руски воени авиони стационирани во Белорусија.

Претходно денеска, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили лансирале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.

„Ројтерс“ потсетува дека Русија негира оти во нападите целела кон цивилни цели.