5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Нема мировен план без признавање на руската анексија на украинските региони

Кремљ денеска го отфрли мировниот план од 10 точки на украинскиот претседател Володимир Зеленски велејќи дека предлозите за прекин на конфликтот во Украина мора да ја земат предвид „актуелната реалност на четирите украински региони кои ѝ се приклучија на Русија“.

„Не може да има мировен план за Украина, кој не ја зема предвид сегашната реалност на руската територија со влегувањето на четирите региони во Русија. Плановите што не ја земаат предвид оваа реалност не може да бидат мирни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во септември Русија ги прогласи украинските региони Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје за дел од својата територија по референдумите што ги осудија Украина и западните земји. Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони.

Претседателот Зеленски го промовира својот мировен план од 10 точки, кој првпат го објави во ноември разговарајќи за него со американскиот претседател Џо Бајден, меѓу другите, и ги повика светските лидери да одржат глобален мировен самит врз основа на него.

Планот предвидува повлекување на руските војници од меѓународно признатата територија на Украина, што би значело дека Русија се откажува од четирите региони за кои тврди дека ги анектирала и од Крим, кој го зазеде во 2014 година.

Кремљ повеќепати порача дека е отворен за мировни преговори со Украина, но дека не ја гледа подготвеноста на Киев за преговори.