12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинските власти во Одеса го отстрануваат споменикот на руската царица Катерина Велика

Градските власти на Одеса почнаа со демонтирање на споменикот на руската царица Катерина Велика, која го основала градот во 18 век.

Тие додаваат дека моментно е невозможно да се дојде до плоштадот, дека улиците се затворени и дека градските власти не дозволуваат луѓето да се приближат до споменикот.

Членот на Врховната рада на Украина, Алексеј Гончаренко, на својот канал на „Телеграм“ напиша дека „некои работи почнуваат во близина на споменикот“ и дека на луѓето не им е дозволен пристап.

На 30 ноември Градскиот совет на Одеса одлучи да го демонтира споменикот на Катерина II.

Споменикот на царицата, основачот на Одеса, како и на нејзините соработници Џозеф де Рибас, Франц де Волан, Григориј Потемкин и Платон Зубов, е подигнат во 1900 година, демонтиран во 1920 година, но повторно обновен во 2007 година.

Споменикот беше постојано напаѓан од вандали: тој беше покриен со боја, исцртан со графити, а на него беше поставена црвена капа.

Спонзорирано: