8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрискa министеркa: Не е прашање дали ќе има прекини на струјата во Европа, туку кога

Веројатноста за прекини на струја во делови од Европската Унија во блиска иднина е многу голема, тврди австриската министерка за одбрана, Клаудија Танер.

„Мораме да се подготвиме за прекини на струјата во Австрија и во Европа, предупреди Танер.

Министерката Клаудија Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува набргу да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската Унија, пишува „Клајн цајтунг“.

„Не е прашање дали, прашање е кога тоа ќе се случи“, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широкораспространети прекини на струјата е значително зголемен поради војната во Украина.

„За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека ова е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и во Европа“, рече Танер.

Таа изјави дека една третина од австриското население може да се најде во ситуации да живее без струја до четири дена.

Спонзорирано: