13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Брнабиќ за случувањата во Пирот: Убедена сум дека успеавме добро и навреме да реагираме

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека ќе се направи детаљна и сеопфатна анализа на несреќата предизвикана од излевањето амонијак во Пирот, но убедена е дека успеале добро и навреме да реагираат.

„Нема никаква опасност за пошироката животна средина, вода, воздух. Дали би било подобро да имаме подобра железничка мрежа? Сигурно. Дали би било побезбедно? Сигурно. Не можете да правите работи за 10 или 15 години што не биле направени 40 години“, изјави Брнабиќ.

Брнабиќ истакна дека сака такви работи „никогаш и никаде“ да не се случуваат.

На прашањето зошто не е во Пирот, Брнабиќ рече дека тоа е затоа што имало релевантни министри со кои од таа вечер е во контакт секој час.

Спонзорирано: