13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Снежната покривка во Москва денеска го достигна дневниот рекорд од 1941 година

Висината на снегот во Москва денеска е 34 сантиметри, па е постигнат дневниот рекорд од 1941 година, објави водечкиот експерт на метеоролошкиот центар „Фобос“, Михаил Леус, пренесува „РИА новости“.

„Утрово, висината на снежната покривка во Москва, на главната градска метеоролошка станица, достигна 34 сантиметри, што е највисоко од почетокот на зимата и повторување на дневниот рекорд за висина на снежната покривка поставен на 19 декември 1941 година“, напиша Леус на „Телеграм“.

Речиси 120.000 луѓе и над 14.000 возила се ангажирани за расчистување на снегот, соопштија градските власти во Москва.

„Снег е Армагедон: има таква бура во Москва што не можете да пешачите или да возите“, се вели во извештајот на државната телевизија „Канал 1“.

Тротоарите во некои делови од главниот град останаа целосно покриени со снег, а опремата за чистење снег им даде предност на патиштата за да се олесни густиот сообраќај.

Авиосообраќајот исто така е погоден со повеќе од 100 одложени или откажани летови на московските аеродроми.

Спонзорирано: