5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестмина загинати во вооружена престрелка во Австралија, меѓу жртвите се и двајца полицајци

Австралиската полиција соопшти дека шест лица се убиени во вооружен напад на оддалечен имот во државата Квинсленд.

Меѓу убиените има и двајца помлади припадници на полицијата, врз кои осомничените отвориле оган.

Полицијата одговорила на повик во градот Виџамбила, а по нападот интервенирале и припадници на специјалната полиција. Убиени се тројца осомничени, двајца мажи и една жена. Загина и соседот кој случајно се нашол на местото на инцидентот.

Локалните медиуми објавија дека еден од убиените напаѓачи бил активен на онлајн форумите кои се занимаваат со теории на заговор.

Полицајци дошле на имотот за да ја истражат пријавата за исчезнато лице кое се барало околу една година.

Четворица полицајци отишле на имотот да ги истражат наводите од дојава, двајца биле убиени во напад на вооружени лица, а еден бил полесно ранет.

Спонзорирано: