25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку седум демонстранти загинаа на протестите во Перу

Најмалку седум демонстранти загинаа во Перу за време на масовните протести низ земјата по соборувањето на претседателот Педро Кастиљо, соопштија здравствените власти.

Демонстрациите се насочени против новото раководство на државата со барање да се одржат предвремени избори. Новиот претседател Дина Болуарте вчера прогласи вонредна состојба во одредени региони.

Здравствената служба соопшти дека досега се убиени седум лица во различни делови на земјата и дека сите биле застрелани со огнено оружје.

Управата за антитероризам соопшти дека за време на масовните протести биле повредени 119 припадници на безбедносните сили и дека еден е во критична состојба.

Парламентот на Перу го собори Кастиљо на 7 декември, а Болуарте, која дотогаш беше премиер, положи заклетва како претседател.

Кастиљо, кој претходно се обиде да го распушти парламентот, беше уапсен откако беше сменет и се соочува со обвиненија за обид за државен удар и злосторства против државата.

Спонзорирано: