17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Анкара: Подготвени сме да им помогнеме на Украина и Русија да ја прекинат војната

Турција потврди дека е подготвена да им пружи максимална поддршка на Русија и Украина за што поскоро завршување на војната, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Соопштението доаѓа по консултациите што во Истанбул ги одржаа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин и неговиот турски колега Седат Онал, пренесе ТАСС.

„Инсистиравме дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро и нагласивме дека е неопходно продолжување на преговорите за да се најде праведно и одржливо решение. Потврдивме дека сме подготвени да обезбедиме максимална можна поддршка на сите страни“, соопшти Турското Министерство за надворешни работи.

Спонзорирано: